Се сврте ситуацијата - сега Родри е поблиску до Барселона
Според шпанските медиуми, раководството на Барселона претходно воспоставило контакт со претставниците на фудбалерот, но чекало потврда дека Родри е подготвен да го прифати проектот на тренерот Ханси Флик. Откако добиле позитивен одговор, клубот е подготвен да премине во следната фаза и да разговара со англискиот шампион за условите на евентуалниот трансфер.
Интересно е што до неодамна се веруваше дека Реал Мадрид е најсериозен кандидат за потписот на еден од најдобрите играчи за врска во светот, но преговорите меѓу двете страни наводно пропаднале, по што Барселона ја искористила можноста да се вклучи во трката. Сепак, договорот е далеку од реализиран. Манчестер Сити не планира лесно да се откаже од својот лидер, а евентуалната отштета, која според различни извори би можела да изнесува меѓу 55 и 70 милиони евра, како и високата плата на Родри, претставуваат сериозен предизвик за финансиската конструкција на Барселона.
Во наредните денови се очекува да стане појасно дали каталонскиот гигант ќе успее да најде заеднички јазик со Манчестер Сити и да го реализира еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок.