Брегалница доби нов плејмејкер: Ангелов се врати во Штип
Ангелов потекнува од академијата на Брегалница, а во следната сезона треба да му помогне на својот тим во остварување на амбициите.
„Со огромна доза задоволство ја известуваме јавноста дека Матеј Ангелов е старо-нов плејмејкер на штипска Брегалница. Штипско дете, кое потекнува од нашата школа, а веќе прерасна во вистински модерен дефанзивен играч за врска кој се истакнува со дисциплина, интелигентно позиционирање и сигурност во организацијата на играта.
И покрај младата возраст, има стекнато искуство во Првата македонска лига во дресот на Работнички, настапуваше и во украинското првенство, во екипата на Черкаси, а беше и редовен член на репрезентацијата на Македонија до 21 година. Со сигурност, Ангелов ќе биде еден од столбовите на овој тим во прволигашката сезона која ни претстои“, соопшти Брегалница.
Фото: Фудбалски клуб Брегалница