Феран Торес се договорил со ПСЖ, Барселона ја чека официјалната понуда

Шпанскиот репрезентативец Феран Торес е сè поблиску до трансфер во ПСЖ, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.

Според информациите, крилниот напаѓач веќе дал зелено светло за преселба во францускиот шампион, по што ПСЖ треба да ги започне официјалните преговори со Барселона околу реализацијата на трансферот.

Каталонскиот клуб сега очекува формална понуда од европскиот шампион , а желбата на сите инволвирани страни е договорот да биде комплетиран пред Феран следната недела да им се приклучи на подготовките на Барселона. Доколку трансферот се реализира, Торес ќе ја заврши својата етапа на „Камп Ноу“ и ќе стане ново засилување за ПСЖ, кој продолжува да го реконструира тимот пред почетокот на новата сезона.

Засега финансиските детали не се објавени, но се очекува разговорите меѓу двата клуба да се интензивираат во наредните денови.