Дешамп може веднаш до нов ангажман, има богата понуда од Саудиска Арабија
Според информациите, саудискиот гигант Ал Ахли е сериозно заинтересиран да го доведе искусниот стратег и му понудил повеќемилионски договор. Контакти меѓу двете страни веќе биле воспоставени, но преговорите засега не се движат во посакуваната насока.
Како главна пречка се наведуваат несогласувањата околу стратешките одлуки и овластувањата што би ги имал Дешамп во клубот. Поради тоа, во моментов шансите за договор не се големи, освен ако не дојде до неочекуван пресврт во преговорите. Искусниот стручњак, кој ја предводеше Франција до светската титула во 2018 година, по заминувањето од националниот тим порача дека не брза со изборот на нова средина.
„Сè уште немам донесено одлука за мојата иднина. Ќе останам во фудбалот, на еден или на друг начин. Во привилегирана позиција сум затоа што можам да изберам што е најдобро за мене“, изјави Дешамп.
Останува да се види дали Ал Ахли ќе успее да го убеди еден од најтрофејните европски тренери да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или Дешамп ќе почека нов предизвик во европскиот фудбал.