Нов пораз за Македонија: Јуниорките немаа сила за изненадување против Словачка

Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби од Словачка со 65-80 во послендиот натпревар од Европското првенство (ЕП) во Б-дивизија за кошаркарки до 18 години.

Македонија имаше добар почеток на натпреварот и водство од 22-21 во првата четвртина, по што на полувремето замина со водство од еден поен (44-43).

Одличната игра од првиот дел не беше пресликана во вториот, а тоа го искористи Словачка за да направи пресврт и да оствари триумф од 80-65.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Колева со 22 поени, четири скокови и три асистенции.

Македонија го освои петтото место во групната фаза, а по слободниот ден ќе разигрува за пласман од 17. до 20. место на ЕП.

Фото: КФМ