Артета добива големо засилување: Арсенал ќе плати 87,5 милиони евра!

Англискиот шампион Арсенал се договори со Њукасл за трансферот на Бруно Гимараеш вреден 87,5 милиони евра, објави новинарот Фабрицио Романо.

Тренерот Микел Артета инсистираше да го купат Гимараеш, кој треба да биде клучно засилување во борбата за одбрана на титулата во Премиер лигата.

Гимараеш е четврто засилување за „топчиите“ ова лето, а воедно и најголемо засилување досега, но Арсенал нема да запре.

Арсенал преговара и со Реал Мадрид за потписот на бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор.

Фото: Facebook/Arsenal