„Го гледав новиот Спајдермен - ме потсети на Новак Ѓоковиќ!“ (ВИДЕО)

Стефанос Циципас повторно го привлече вниманието на тениската јавност, овојпат со духовита објава на социјалните мрежи во која го спореди Новак Ѓоковиќ со славниот суперхерој Спајдермен.

Грчкиот тенисер, кој неодамна ја освои титулата во Гштад, по победата во првото квалификациско коло за мастерс-турнирот во Монтреал решил да го погледне новиот филм за Спајдермен. По проекцијата објави фотографија од нивниот меч во Дубаи во 2020 година и се пошегува на сметка на фантастичната игра во одбрана на српскиот ас.

„Конечно денес го гледав новиот Спајдермен. Веднаш ме потсети на мечот против Новак Ѓоковиќ во Дубаи пред неколку години“, напиша Циципас на платформата „Икс“.

Со оваа шега Гркот алудираше на неверојатната подвижност, еластичност и способност на Ѓоковиќ да враќа речиси невозможни топки, нешто што со години е негов заштитен знак. Објавата за кратко време стана хит меѓу љубителите на тенисот, кои во коментарите продолжија да се шегуваат, споредувајќи ги спектакуларните дефанзивни потези на Ѓоковиќ со акробациите на популарниот суперхерој.