Македонските кадети го добија следниот противник на Европското првенство
Откако обезбеди место во топ-16 во генералниот пласман, нашите кадети имаат шанса да се пласираат и на Светското првенство, но потребно е да победат се до крајот. Прв противник во тој обид ќе биде селекцијата на Фарски Острови кои стигнаа до овој сегмент како најдобра третопласирана репрезентација во главната рунда од шампионатот.
Досега, Фарски Острови остварија само една победа и тоа во првото коло, против Финска. Натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови е на програмата утре од 12 часот.