Хуман потег на Меси: Донираше 80.000 евра за помош на Шпанија

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси донира 80.000 евра за обнова на подрачја кои биле погодени од големите пожари во Шпанија.

Информацијата ја објави претседателката на заедницата на Мадрид, Исабел Дијас Ајусо преку социјалните мрежи.

„Меси донираше 80.000 евра за обнова на Сиера Оесте во Мадрид. Сакам да се заблагодарам и да му кажа дека го чекаме наскоро за да му дадеме заслужен аплауз“, објави таа.

Фото: AFA - Selección Argentina