Ц. Звезда загуби од Хапоел, Динамо Загреб пукна „петарда“ против Жалгирис (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни првите натпревари од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ), при што Црвена Звезда загуби од Хапоел Бер Шева со 0-1, додека Динамо Загреб го декласира Жалгирис Каунас со 5-0.

„Црвено-белите“ беа поразени од Хапоел на натпреварот кој се играше во Унгарија, откако Ахмед во 38. минута постигна гол за израелската екипа.

Хрватскиот гигант немаше милост за Жалгирис, па победата ја најави уште во првото полувреме со головите на Зајц и Мекена, додека во вториот дел стрелаа и Стојковиќ, Лисица и Качавенда.

Реваншите се закажани за една недела, односно на 11 август, додека победниците ќе се пласираат во плејофот на натпреварувањето.