Утре е голем ден за иднината на Винисиус!

Шпанските медиуми пишуваат дека утрешниот ден (среда) може да биде клучен за иднината на Винисиус Жуниор, познати се и деталите на состојбата.

За утре е закажан состанок меѓу агентите на Винисиус и Реал Мадрид.

Кралскиот клуб нема намера да оди повеќе од последната понуда која изнесува 22 милиони евра годишно.

Винисиус бара 30 милиони евра годишно, но е подготвен да ги намали барањата.

Дел од важните луѓе во Реал Мадрид сакаат да Винисиус да биде продаден. Арсенал будно ја следи ситуацијата и им одговара ваквиот став.

Од утрешните разговори меѓу агентите на Винисиус и Реал Мадрид се очекува многу работи да станат јасни и да почне решавањето на иднинатата.