Фабрегас договори засилување од Челси за 30 милиони евра (ФОТО)

Италијанскиот клуб Комо успеа да се договори со Челси за трансферот на дефанзивецот Тревор Чалоба за 30 милиони евра.

Чалоба беше на трансфер-листата, а клубовите водеа долго време преговори и конечно успеаја да се договорат.

Челси за дефанзивецот бараше 35 милиони евра, меѓутоа на крајот мораше да попушти и да го продаде за пет милиони евра помалку.

Фото: Facebook/Como 1907