Ливерпул прокоцка два гола предност во пријателски меч одигран во САД (ВИДЕО)
„Црвените“ одиграа одлични први 45 минути и рано поведоа преку Чемберс, кој погоди уште во седмата минута за 1-0. Предноста ја удвои Флоријан Вирц, кој во финишот на полувремето реализираше за 2-0 и најави мирен триумф на својот тим.
Сепак, продолжението донесе целосно поинаква слика на теренот. Лидс заигра многу поофанзивно, додека Ливерпул целосно го загуби ритамот. Главна фигура во пресвртот беше Доминик Калверт-Луин, кој по влегувањето од клупата постигна два гола и го врати својот тим во игра. До комплетниот пресврт стигнаа со погодоците на Шон Лонгстаф и Бренден Аронсон, кои ги поставија конечните 4-2 во корист на Лидс.
Мечот се одигра во Чикаго и го донесе првиот пораз летово за Ливерпул, по победите над Сандерленд и Врексам. Следен предизвик за „црвените“ е дуелот против Монако, закажан за в недела на „Енфилд“.
ФОТО: X / @LFC