Челси купи уште еден Аргентинец - потпишаа договор до 2033 година!

Челси и официјално го претстави своето ново засилување, а тоа е аргентинскиот репрезентативец Валентин Барко пристигнува од Стразбур и со лондонскиот клуб потпиша договор кој ќе важи до летото 2033 година.

Веста ја потврди и самиот клуб, со што стави крај на повеќемесечните шпекулации околу трансферот на талентираниот фудбалер на „Стемфорд Бриџ“.

Барко, кој може да настапува како лев бек, но и во средниот ред, зад себе има одлична сезона во дресот на Стразбур.

Неговите настапи го привлекоа вниманието на раководството на Челси, кое одлучи да го ангажира како едно од клучните засилувања во проектот на новиот тренер Чаби Алонсо.

Фото: Chelsea FC