Алчност: Инфантино сакал да си ја зголеми платата на 30 милиони долари - плус бонуси!
Според неговите информации, Инфантино требало да биде извршен директор на новата компанија на ФИФА, која би ги контролирала комерцијалните права за сите најзначајни машки и женски натпреварувања под капата на ФИФА. Проектот предвидувал продажба на дел од комерцијалните права на приватни инвеститори, а неговата вкупна вредност била проценета на околу 20 милијарди долари. Токму тоа предизвика жесток отпор од континенталните конфедерации и бројни фудбалски функционери, кои го обвинија раководството на ФИФА дека работи во личен интерес и се обидува да обезбеди огромни финансиски придобивки за највисоките челници.
Под силниот притисок, ФИФА беше принудена да се откаже од целиот проект. Претходно беше објавено дека идејата била дел од планот за продажба на дел од правата за организација на најголемите светски турнири на надворешни инвеститори. Но, по остриот отпор од фудбалските структури, како и најавата на УЕФА дека е подготвена да ги бојкотира натпреварувањата на ФИФА доколку планот се реализира, проектот беше повлечен.
Според информациите, првичните разговори за оваа идеја се воделе зад затворени врати, без консултации со континенталните конфедерации и останатите чинители во светскиот фудбал, што дополнително ги засили критиките кон Инфантино и неговото раководство.