Ѓорѓиевски ја однесе Шкендија во следното европско коло! (ВИДЕО)

Шкендија со 3-1 го победи Браво на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје и со вкупни 4-3 оди во третото квалификациско коло од Конференциската лига, клучниот погодок го постигна Марио Ѓорѓиевски.

Натпреварот не почна идеално за Шкендија, Станковиќ со прекрасен гол во 17. минута донесе водство на Браво од 1-0.

Шкендија нападна со сите сили за израмнување, тоа се случи во 36. минута кога Јован си постигна автогол. 1-1 беше резултатот на полувремето.

По пет минути игра во вториот дел Криезиу даде гол за комплетен пресврт и водство на Шкендија од 2-1. Конечниот резултат беше израмнет, на Шкендија и требаше уште еден гол.

Во 74. минута во игра влезе новото засилување на Шкендија, Марио Ѓорѓиевски.

Тој најпрво со прекрасен шут ја погоди пречката од голот на Браво, а во 88. минута погоди со глава за победа од 3-1 и пласман на Шкендија во следното квалификациско коло од Конференциската лига.