Растодер ја продолжи европската бајка на Панатинаикос! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Елмин Растодер, го постигна клучниот гол за Панатинаикос во мечот против Пакс кој заврши 2-2.

Грчкиот тим во Унгарија победи со 2-1, па се очекуваше дека зелените денеска на свој терен ќе имаат полесен меч, но не беше така.

Пакс имаше водство од 2-1 кога во 66. минута тренерот на Панатинаикос реши во игра да го стави Растодер и не погреши.

Македонскиот фудбалер постигна гол во 85. минута за конечни 2-2. Панатинаикос со вкупни 4-3 оди во третото квалификациско коло од Конференциската лига.