Рекорд во Премиер лигата: Никогаш повеќе екипи не почнале сезона со нов тренер

Премиерлигашите се подготвуваат за новата сезона, но во последниот период гледаме и чести промени на тренерските позиции, а никогаш во историјата претходно не се случило дури девет екипи да започнат нова сезона со нов стратег на клупата.

Тоа ќе биде случај токму во сезоната која следи.

Денеска неочекувано пристигна информацијата дека Еди Хау повеќе не е тренер на Њукасл, а токму неговото заминување ја донесе деветтата промена со што се постави и рекорд во англиската елита.

На крајот од минатата сезона своите клубови ги напуштија тренерите на Борнмут, Челси, Манчестер Сити, Кристал Палас, Ливерпул, Фулам, Ипсвич, Нотингем Форест и Њукасл Јунајтед.

Еден под друг заминаа: Ираола, Мекфарлан, Гвардиола, Гласнер, Слот, Марко Силва, Мекена, Переира и Хау.

Нов тренер на Борнмут е Марко Розе, Челси го презеде Чаби Алонсо, Манчестер Сити го предводи Енцо Мареска, на клупата на Кристал Палас ќе биде Пјер Саж, Ливерпул го ангажираше Андони Ираола, Фулам го назначи Алваро Арбелоа, Нотингем Форест го избра Оливер Гласнер, Ипсвич ќе го води Гери О’Нил, додека нов тренер на Њукасл ќе биде Матијас Јајсл.

Каде промената ќе се покаже како полн погодок, а каде нема да стигнат очекуваните резултати ќе видиме во текот на новата сезона.