Винчиќ зборуваше за финалето на Мундијалот, откри како се однесувал Меси
Во интервју за словенечкиот „Спорт“, тој се осврна и на моментот кога за време на финалето разговараше со Лионел Меси, што предизвика голем број коментари по завршувањето на мечот.
„Тој разговор ќе остане на теренот. Можам само да кажам дека Меси се однесуваше спортски“, изјави Винчиќ, без да сака да открива детали од нивната комуникација.
Набрзо по завршувањето на Светското првенство беше потврдено дека Винчиќ се повлекува од судиската кариера, а тој призна дека одлуката на ФИФА да му го довери финалето во прв момент целосно го изненадила.
„Прво бев во шок, а потоа бев исклучително горд. Да ја претставувам Словенија на најголемиот спортски настан во светот беше голема чест, но и огромна одговорност“, изјави словенечкиот судија.
Introducing your referee for the @FIFAWorldCup 2026 Final....🥁
— FIFA (@FIFAcom) July 17, 2026
Congratulations, Slavko Vinčić! 👏 pic.twitter.com/OMLJ3oA31p
Тој додаде дека притисокот пред натпреварот бил огромен.
„На крајот, целата судиска кариера се сведува на еден натпревар. Одговорноста беше огромна, но верувам дека мојот тим и јас завршивме добра работа“, истакна Винчиќ.
Зборуваше Винчиќ и за улогата на ВАР-технологијата, нагласувајќи дека модерната технологија станала неизоставен дел од судењето.
„Грешките можат да се поправат со прегледување на снимката. Со оглед на брзината на денешниот фудбал, невозможно е да се види баш сè. Не можам да замислам судење без помош на технологијата“, заклучи словенечкиот судија.
Претходно Винчиќ во кариерата го судеше и финалето во Лигата на шампионите во 2024 година.