Пропаѓа големиот проект на Тони Паркер: Асвел остана без 35 милиони евра!

Првиот човек на Асвел, Тони Паркер најавуваше историски проект и буџет каков што француската кошарка не видела досега, односно планот беше екипата да располага со дури 59 милиони евра, од кои дури 20 милиони требаше да бидат наменети за плати на кошаркарите.

Асвел со Силван Франциско, Даниел Тајс, Џоел Боломбој, Армони Брукс, Пети Милс, Ник Вајлер-Беб и неколку други кошаркари требаше да го нападне самиот врв на Евролигата, но потоа планот се урна.

Според француски „Л’Екип“, финансиските власти на лигата го одбиле буџетот на Асвел, па клубот морал да претстави нов буџет вреден „само“ 24 милиони евра, а тоа значи дека „исчезнаа“ планираните 35 милиони евра, а со тоа и сите големи амбиции.

Прв кој го напушти „бродот што тоне“ е Франциско. Тој го раскина договорот и ја прифати понудата на Панатинаикос вредна над 10 милиони евра, со што стана јасно дека проблемите не се привремени, туку целиот проект се распаѓа.

„Баскетбал Њуз“ пишува дека ниту едно од летните засилувања повеќе не се сигурни, па така споменатите кошаркари го чекаат расплетот на ситуацијата, додека голем број евролигаши се подготвени да ги „украдат“ од Асвел.

Француските медиуми пишуваат дека Асвел во моментов се обидува да се спаси сè штоп може, додека претседателот на клубот, Тони Паркер ја уверува јавноста дека проектот не е мротв и се бараат нови финансиски решенија.