Не е само тетоважата: Кукуреља сега драстично го промени имиџот (ВИДЕО)

Одличниот лев бек на шпанската репрезентација и нов фудбалер на Реал Мадрид, Марк Кукуреља освен што го привлече вниманието со тетоважата од ликот на Де Ла Фуенте, одлучи да направи и промена на својот имиџ. 

Кукуреља сега место големата и густа коса по која беше препознатлив ќе има плетенки. Претходно Кукуреља откри дека не ја крати косата со цел неговиот син со аутизам полесно да го препознава на теренот.

„Имам син со аутизам. Повеќе би сакал да немам ниту едно евро, само мојот син да биде здрав. Ја пуштам косата затоа што нему му се допаѓа, но и за да може да ме препознае доколку за момент ме изгуби од вид на теренот“, објасни Кукуреља.

Ќе потсетиме, Кукуреља неодамна потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид каде што пристигна од Челси во трансфер е вреден 55 милиони евра, плус дополнителни пет милиони преку можни бонуси.