ФИФА отвори истрага против аргентинските тепачи, но и против Гави

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално отвори дисциплинска постапка по серијата инциденти што го одбележаа финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина.

Под истрага на Дисциплинската комисија се најдоа аргентинските репрезентативци Леандро Паредес, Науел Молина и Тијаго Алмада, како и членот на стручниот штаб Роберто Ајала. Постапка е поведена и против шпанскиот репрезентативец Гави. Истрагата е отворена врз основа на деталниот извештај на етичкиот и дисциплински обвинител на ФИФА.

Најсериозните обвиненија се однесуваат на физички напади и агресивно однесување. Паредес се товари по три точки од обвинението, Молина по две, а Ајала по една. Од друга страна, Гави, Алмада и повторно Молина се обвинети за неспортско однесување за време и по завршувањето на натпреварот.

Освен против поединците, ФИФА отвори дисциплинска постапка и против Фудбалската федерација на Аргентина поради низа сериозни прекршоци. На товар на Аргентинците се ставаат дискриминирачки скандирања од навивачите, доцнење на почетокот на натпреварите, како и прекршување на безбедносните и протоколарните правила. 

Обвинетите имаат рок да ги достават своите официјални изјаснувања и одбрана пред ФИФА да ги донесе конечните одлуки. Иако санкциите сè уште не се познати, јасно е дека постои разлика во тежината на прекршоците.