Сити се подготвува за живот без Родри - на повидок мега-трансфер од 100 милиони евра
Според шпанските медиуми, 18-годишниот марокански репрезентативец е приоритетна цел на англискиот шампион, кој веќе работи на трансферот. Буади блесна со настапите за Лил, а дополнително го привлече вниманието со одличните игри на Светското првенство, поради што интерес за него покажаа и неколку европски гиганти
Клучен фактор во целата операција е иднината на Родри. Реал Мадрид интензивно работи на негов ангажман, а доколку трансферот се реализира, Манчестер Сити веднаш ќе тргне по Буади како долгорочно решение за средниот ред.
Лил е подготвен да преговара, но само за сума која би достигнала околу 100 милиони евра. Францускиот клуб, сепак, е отворен и за модел според кој Буади би бил продаден ова лето, но би останал на позајмица уште една сезона за да продолжи со својот развој.
Доколку зделката се реализира, тоа би бил еден од најголемите трансфери во историјата за тинејџерски фудбалер и уште една потврда дека Буади важи за еден од најперспективните играчи во светот.