Босанецот кој постигна еврогол на Мундијалот ќе игра за Јувентус! (ВИДЕО)
Фабрицио Романо објави дека „старата дама“ ги победила сите конкуренти во трката за потписот на младиот фудбалер, откако претходно го договори и францускиот напаѓач Рандал Коло Муани.
„Преговорите со клубот и со играчот се во тек, со цел Јувентус да ги претрка останатите заинтересирани клубови. Договорот напредува во позитивна насока“, напиша Романо.
Потврда за овие информации пристигна и од германскиот „Скај Спорт“, кој објави дека Алајбеговиќ е на чекор до потпишување договор со торинскиот клуб.
🚨⚪️⚫️ Juventus are in advanced talks to sign Kerem Alajbegović after Randal Kolo Muani!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 29, 2026
Negotiations underway on both club and player side to anticipate other clubs.
Deal progressing. 🇧🇦 pic.twitter.com/HK21mM6DES
Според истиот извор, Јувентус ќе плати почетни 33 милиони евра, а со предвидените бонуси вредноста на трансферот би можела да достигне 40 милиони евра.
„Остануваат уште неколку детали за трансферот да биде целосно финализиран“, стои во објавата на „Скај Спорт“.
И германскиот новинар Флоријан Плетенберг потврди дека трансферот практично е завршена работа. Според него, во следните денови ќе биде закажан лекарскиот преглед, по што ќе следува и официјалното потпишување на договорот со Јувентус.
Алајбеговиќ на Светското првенство посебно се истакна со голот кој го постигна против Катар кој сигурно беше помеѓу најатрактивните на турнирот.