Инфантино им нуди мито на федерациите за да му помине предлогот за „продажба на фудбалот“

ФИФА им даде ултиматум на фудбалските федерации до 19 септември да се изјаснат дали ќе ја поддржат иницијативата на претседателот Џани Инфантино за продажба на дел од организацијата на приватни инвеститори.

Инфантино сака да продаде дел од комерцијалните права на ФИФА пред се од Светското првенство. Одлука која многумина ја нарекоа „продавање на фудбалот“.

Информациите велат дека ФИФА испратила писмо до федерациите, секоја членка која ќе одговори позитивно ќе добие финансии во висина од 40 милиони долари, а оние кои нема да ја поддржат идејата ќе добијат само 10 милиони долари.

Ова е оценето како класично мито, поткуп на членките со цел да помине бизнис одлуката на Инфантино која наводно е договарана со Доналд Трамп.

Ваквата активност на ФИФА вклучи аларм во УЕФА од каде сметаат дека одлуката е скандалозно, европските членки се закануваат со бојкот на натпреварувањата на Светската фудбалска куќа.

Силно се разгорува војната меѓу ФИФА и УЕФА која по овој предлог може да доживее и кулминација.