Падна договор: Ветеранот Хендерсон ќе го облече дресот на Челси!

Гласините се остваруваат, Џордан Хендерсон и Челси си подале рака, искусниот фудбалер во новата сезона ќе игра на Стемфорд Бриџ.

Поранешниот капитен на Ливерпул постигна согласност за двегодишен договор со Челси, тој ќе потпише до јуни 2028 година.

Хендерсон замина од Брентфорд, наскоро ќе ги мине лекарските прегледи со Челси и ќе го потпише договорот.

Покрај него во Челси доаѓа уште еден ветеран, Дани Велбек кој претходно се договори со лондонскиот клуб.