Положани: Утре мораме да сме подобри во завршницата
Стратегот на тетовскиот состав, Артим Положани потенцираше дека е задоволен од начинот на кој Шкендија играла во Словенија, сепак потенцираше дека релизацијата мора да се подобри.
„Влегуваме во натпреварот со цел да победиме, резултатот сега е многу важен, но исто така и начинот на кој ќе дојдеме до него. Во Словенија имавме добар натпревар, меѓутоа ни недостигаше подобра завршница. Мора да сме поконкретни бидејќи ова е елиминациски натпревар. Кога ќе одиграш добро во толку важен дуел мораш и да го крунисаш со реализација, ако не го направиш тоа се соочуваш со рпоблеми“, изјави Положани.
Ќе потсетиме, по елиминацијата на Вардар Шкендија игра и за да остане единствен наш претставник во европските квалификации.