Вардар донесе три репрезентативки, уште една го продолжи договорот
Младата Меланија Грозданова ќе го носи дресот на Вардар во идната сезона. Таа доаѓа од ЖФК Љуботен и важи за голема талентка на македонскиот фудбал, се поврзуваше и со Јувентус каде што беше и на проба. Од ЖФК Љуботен во Вардар пристигнуваат и Накова и Величковска, исто така голема талентки кои настапуваат за репрезентацијата на Македонија.
Потпис на нов договор стави и Јулија Живиќ која од февруари е во Вардар. И таа во таборот на црвено-црните пристигна од ЖФК Љуботен.