Најмалку 18 студенти претстојната сезона ќе заработат повеќе од Леброн Џејмс!
Според нови информации на Атлетик, најмалку 18 кошаркари од американската колеџ-лига (НЦАА) ќе инкасираат поголеми приходи од Леброн благодарение на договорите за користење на нивното име, лик и имиџ (NIL), кои достигнуваат 3,9 милиони долари годишно или повеќе.
Џејмс, кој неодамна потпиша нов договор со Филаделфија, во сезоната 2026/27 ќе заработи 3,8 милиони долари, што е рекордно ниска сума за него откако настапува во НБА. Особено интересен е податокот дека ниту еден од тие 18 студенти не бил роден на 26 јуни 2003 година – денот кога Леброн беше избран како прв пик на НБА-драфтот и ја започна својата легендарна професионална кариера.
Овој пример најдобро покажува колку драстично се промени американскиот колеџ-спорт во последните години, откако студентите добија можност да заработуваат милионски суми преку комерцијални договори уште пред да станат професионалци.