Tренчовски: За Олимпија и пешки би тргнал од Македонија!
Тренчовски доаѓа на местото на Мишо Бречко и стави потпис на договор од една сезона со можност за продолжување на уште една.
По потписот тој не го криеше задоволството од работата во еден од двата најтрофејни клубови во Словенија.
„За мене ова е голем предизвик, можеби и најголем во кариерата. Кога ќе ти се јави најголемиот клуб во Словенија и пешки би тргнал од Македонија. Знам дека тимот поседува огромен потенцијал и дека секогаш сака да се бори за самиот врв, среќен сум што веднаш почнувам со работа. Немам магично стапче за преку ноќ да правам чуда, но верувам дека ќе успееме да играме брз и доминатен фудбал со многу голови“, изјави Тренчовски.
Пред Олимпија, Тренчовски во Словенија имаше одлични резултати во Радомље кои очигледно беа препорака луѓето во Олимпија да го ангажираат.