Омерагиќ верува во пресврт: Ништо не е готово, нè чека второ полувреме со Рига!

Вардар не се откажува од европската приказна и верува дека може да се врати по поразот од Рига во Скопје со 2-3, а капитенот Азер Омерагиќ посочи дека со добра игра можат до позитивен резултат на гостински терен.

Омерагиќ кажа дека ништо не е готово затоа што следи „второ полувреме“ против Рига и ако ги исполнат барањата од тренерот, тогаш може да се најдат во следното квалификациско коло на Конференциската лига.

„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, изјави капитенот Азер Омерагиќ.

Натпреварот меѓу Рига и Вардар се игра утре од 19 часот.