Фабијани: Мора да бидеме тактички перфектни, притисокот е врз Рига!
Тренерот на „црвено-црните“, Кристијан Фабијани пред натпреварот кажа дека неговиот тим мора да биде тактички дисциплиниран и да ги намали грешките на минимум ако сака да избори пласман понатаму.
„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот.“, изјави Фабијани.
Реваншот меѓу Рига и Вардар се игра утре од 19 часот.