Дембеле донесе конечна одлука: Познато каде ќе ја продолжи кариерата

Саудискиот гигант Ал Хилал покажа голем интерес за францускиот репрезентативец Осман Дембеле, по што почнаа шпекулациите за иднината на ѕвездата на ПСЖ, меѓутоа набрзо пристигна одговор од самиот фудбалер.

Дембеле решил да остане во францускиот шампион ПСЖ, иако Ал Хилал му нудел понуда каква што не се одбива, меѓутоа талентираниот фудбалер не сакал да замине од европскиот првак.

ПСЖ и Дембеле водат преговори за нов договор, кој набрзо треба да биде потпишан и да важи најмалку до 2031 година.

Дембеле минатата сезона настапи на 40 натпревари за парижаните, а притоа постигна 20 голови и 11 асистенции.

Фото: Ballon d'Or