Сузуки е на слатки маки, ќе бира меѓу ПСЖ и Јувентус!
Сузуки важи за фантастичен голман, а по партиите на Светското првенство дополнително го привлече вниманието на себе.
Последните информации велат дека ПСЖ и Јувентус се веќе во преговори со Парма за можен ангажман.
Сузуки може да бира каде ќе оди, а двата клуба имаат различни планови со него.
ПСЖ во Сузуки гледа како инвестиција за иднината и не може да му гарантира првотимски статус.
Додека пак Јувентус го планира за стартен голман доколку не успеат да го ангажираат Дибу Мартинез.