Џошуа преживеа два нокдаунa, па брутално го нокаутира Пренга (ВИДЕО)

Ентони Џошуа го нокаутира Кристијан Пренга во втората рунда во Саудиска Арабија, откако претходно британскиот боксер успеа да прежиеве два нокдауни во воведните три минути.

Ова беше првата борба на Џошуа по тешката сообраќајка во која загинаа двајца негови пријатели, а на самиот старт се соочи со многу проблеми.

Џошуа се најде на подот по саамо 20 секунди, по што успеа да стане, но потоа доживеа уште еден нокдаун.

Британецот не се предаде и продолжи да прима тешки удари од Пренга, но потоа во втората рунда успеа со неколку добри удари да го нокаутира ривалот.