Ќе доцни дебито на Шкендија Арачиново во Прва лига!

Денеска на програмата се уште два натпревари од првото коло во македонската Прва лига, а едниот од нив ќе почне со задоцнување од најмалку половина час.

Струга преку социјалните мрежи потврди дека стартот на дуелот против Шкендија Арачиново место во 17:00 часот ќе биде најверојатно во 17:30.

За тимот од Арачиново ова ќе биде и прв натпревар во најсилната конкуренција во Македонија.

Денеска се игра и натпреварот во Скопје помеѓу Вардар и Брегалница каде што нема промени и стартот треба да биде во 17:00 часот.