Шпанскиот херој е на одмор со соиграчот од репрезентацијата - нивните фотографии предизвикаа реакции! (ФОТО)

По успехот со шпанската репрезентација на Светското првенство, Феран Торес и Маркос Љоренте решија заслужениот одмор да го поминат на Ибица. Но, и далеку од фудбалските терени, не успеаја да останат незабележани од папараците.

Шпанските репрезентативци беа фотографирани како уживаат на луксузна јахта, се капат во морето и поминуваат време заедно, а токму нивната блискост предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

На дел од фотографиите може да се види како двајцата соиграчи се прегрнуваат и разменуваат бакнежи, што беше доволно интернетот да се преплави со коментари, шеги и разни шпекулации за природата на нивниот однос.

Сепак, засега нема никаква потврда дека станува збор за нешто повеќе од блиско пријателство. Оние кои внимателно ја следат шпанската репрезентација добро знаат дека Торес и Љоренте уште за време на Светското првенство поминуваа многу време заедно и изградија цврсто пријателство.