Македонските јуниори поразени од Грузија на стартот на ЕП
Јуниорите дадоа голем отпор во првото полувреме и заминаа на паузата со нерешен резултат (36-36). Сепак, ситуацијата драстично се промени на почетокот на вториот дел кога Грузија со 22-13 во третата четвртина направи чекор кон победа.
Македонија не успеа да возврати во последните 10 минути, додека Грузија продолжи во ист ритам и запиша триумф од 83-66.
Најефикасен во македонскиот тим беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени, два скокови и три асистенции, додека Мате Кавлашвили запиша 17 поени за Грузија.
Македонските јуниори следниот натпревар го играат утре од 18 часот против Босна и Херцеговина.
Фото: КФМ