Трагедија на „Камп Ноу“: Загина работник на градилиштето на стадионот!

На градилиштето на стадионот „Камп Ноу“ денеска се случила голема несреќа при што еден работник го загубил животот.

Шпанските медиуми пишуваат дека 54-годишен работник го загубил животот, откако претходно се здобил со тешки повреди на градилиштето.

Ова е прва жртва од почетокот на реконструкцијата на стадионот на Барселона, која започна во 2023 година.

Според информациите, градежните активности на стадионот треба да бидат комплетирани до април 2027 година.