Пелистер се засили со Капсаров од Брегалница!

Пелистер промовира уште едно засилување за новата сезона во Втората лига, а тоа е Костадин Капсаров.

Битолчани соопштија дека потпишале договор со Капсаров, кој минатата сезона ја заврши во дресот на Брегалница.

Капсаров во кариерата играше за тимови како Беласица, Детонит Плачковица, Брегалница и Брера Струмица.

Фото: Пелистер