Браво експресно израмни против Шкендија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Браво експресно одговорија по водството на Шкендија, откако Рок Копатин ја затресе мрежата на тетовци за 1-1.

Шкендија поведе со голот на Ендрит Красничи во 11. минута од пенал, но само осум минути подоцна Копатин погоди за израмнување и ја врати неизвесноста.