Синер предводи бунт: Тениските ѕвезди се закануваат со бојкот на УС Опен!
Причината за незадоволството е распределбата на наградниот фонд и условите за играчите. Според повеќе светски медиуми, голем број тениски ѕвезди сметаат дека организаторите не ги почитуваат доволно нивните барања и дека приходите од Гренд слем турнирите не се распределуваат правично.
Синер неколкупати потенцираше дека ова не е само прашање на пари, туку и на почит кон тенисерите, особено кон оние кои не се во самиот светски врв. Поддршка за ваквиот став дадоа и други водечки играчи, меѓу кои Арина Сабаленка и Коко Гоф, додека Новак Ѓоковиќ јавно ја поздрави нивната иницијатива за подобри услови во професионалниот тенис.
Иако засега не станува збор за бојкот на главниот сингл-турнир, туку на конкуренцијата во мешани двојки, ова претставува јасен сигнал дека тенисерите се подготвени на радикални чекори доколку не дојде до договор со организаторите.