Миленкоски повика 18 одбојкари на подготовките за ЕП 2026 (ФОТО)
Миленкоски повика 18 одбојкари, а за разлика од настапот на Европската лига 2026 на списокот го нема младиот среден блокер Митко Спасов, кој има обврски со репрезентацијата до 20 години, како и либерото Ване Арапов.
Собирот на одбојкарите е закажан на 5 август во хотел „Монтана“ во Крушево, додека ЕП ќе се одрѓи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Романија и Финска.
Македонија игра во групата Б во Софија, каде што ќе се соочи против Бугарија, Украина, Полска, Португалија и Израел.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија