Доскорешен кошаркар на Пелистер летово „крши обрачи“ во дресот на Њујорк никс (ВИДЕО)

Само еден месец по заминувањето од Пелистер, Ленгстон Вилсон веќе го привлекува вниманието на американската кошаркарска јавност.

Поранешниот крилен центар на битолскиот клуб, каде што имаше просек од 15 поени и 7,5 скока, летово настапува за Њујорк Никс во НБА Летната лига, а со атрактивно забивање на дуелот против Далас Маверикс стана една од главните теми на социјалните мрежи и официјалните НБА-канали.

Дваесет и петгодишниот Американец зад себе остави одлична сезона во дресот на Пелистер, каде што беше еден од најдобрите странски кошаркари и еден од лидерите на тимот. По завршувањето на сезоната емотивно се прости од Битола, нагласувајќи дека од Македонија си заминува со незаборавни спомени и пријателства кои ќе ги памети цел живот.

По враќањето во САД, Вилсон доби можност да се наметне во дресот на актуелниот НБА шампион, а добрите партии во Летната лига покажуваат дека сериозно ја користи шансата. Атрактивниот потег против Далас брзо стана вирален и дополнително го насочи вниманието кон поранешниот кошаркар на Пелистер.