Барселона и официјално доби нов тренер - селекторот на Словенија!

Шпанскиот кошаркарски гигант Барселона и официјално доби нов тренер, откако од каталонскиот клуб соопштија дека потпишале двегодишен договор со селекторот на словенечката репрезентација, Александар Секулиќ.

Четириесет и осумгодишниот словенечки стратег во Барселона пристигнува по успешната сезона со Дубаи, со кој ја освои титулата во АБА-лигата. Пред ангажманот во клубот од Обединетите Арапски Емирати, Секулиќ работеше и во руски Зенит. Во Барселона тој ќе го наследи искусниот Чави Пасквал, кој следната сезона ќе го преземе токму Дубаи, па на некој начин двајцата тренери ги заменија своите работни места.

Секулиќ веќе неколку години успешно ја предводи и словенечката репрезентација, со која настапуваше на најголемите европски и светски натпреварувања, а сега првпат ќе добие можност да седне на клупата на еден од најтрофејните клубови во европската кошарка.