Доскорешниот директор на КК Пелистер стана тренер во - РК Пелистер 2!
За подобрите познавачи на спортските прилики ова и не е така големо изненадување, со оглед што станува збор за поранешен ракометен голман, кој настапуваше за Вардар, Металург и Пелистер и кој прерано ја заврши кариерата поради потешка повреда на раката.
Тој беше претставник на главниот спонзор на КК Пелистер во изминативе неколку сезони, кој, сепак, не успеа да донесе трофеј во Битола и мораше да се задоволи само со неколку настапи во финалето од плејофот и Купот на Македонија, како и учества во АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.
