Холандска легенда ќе го наследи Руди Гарсија на клупата на Белгија

Фудбалската репрезентација на Белгија е пред голема промена на селекторската позиција. Според информациите од оваа земја, раководството на „црвените ѓаволи“ постигнало договор со Марк ван Бомел кој треба да биде наследник на Руди Гарсија.

Гарсија си замина од клупата на Белгија по настапот на Светското првенство иако успеа да ја одведе селекцијата до четвртфиналето. Федерацијата веднаш започна потрага по нов стратег, а изборот паднал на поранешниот холандски репрезентативец кој треба да потпише до 2028 година, односно до крајот на Европското првенство.

За Ван Бомел ова ќе биде прва работа како селектор на една национална репрезентација. Тој зад себе има богата играчка кариера со настапи за Барселона, Баерн Минхен и Милан, а како тренер работеше во ПСВ, Волфсбург и Антверпен.

Белгија со новиот селектор ќе започне нов циклус со амбиција да ја врати старата слава и повторно да биде меѓу главните европски сили.