Селекторот што победува не се менува: Де ла Фуенте ќе ја води Шпанија и на СП 2030
Се очекува наскоро двете страни да почнат разговори за нов договор што би ги подобрил моменталните услови на специјалистот и би го продолжил неговиот престој на чело на „Ла Фурија“.
„Може да се каже дека Де ла Фуенте ќе остане со нас долго време. Јас бев тој што се занимаваше со неговото претходно обновување на договорот. Во тоа време имав чест да склучам важен, неопходен и фер договор. Сега нашата задача е, доколку е можно, да ги подобриме неговите услови и да ја продолжиме соработката“, рече Лоусан.
Де ла Фуенте ужива целосна доверба од раководството на Шпанската федерација, а намерата е тој да остане на чело на репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година чиј ко-домаќин ќе биде Шпанија, па „фуријата“ ќе стане првата репрезентација во историјата што ќе ја брани планетарната титула на домашен терен.