Крај на една легендарна кариера: Очоа заминува во пензија по шест светски првенства
Ветеранот испиша историја како еден од ретките фудбалери што биле дел од дури шест мундијали, а засекогаш ќе остане запаметен по фантастичните партии против Бразил во 2014 година, Германија во 2018 година и Полска во 2022 година. Во пензија заминува со 153 настапи за мексиканската репрезентација со што се наоѓа на третото место, зад Клаудио Суарез и рекордот Андрес Гвардадо.
Во текот на кариерата Очоа настапуваше за Клуб Америка, Ажаксио, Малага, Гранада, Стандард Лиеж, Салернитана, АВС и кипарски АЕЛ Лимасол, а со националниот тим освои шест титули во Голд купот.