Челси го комплетираше рекордното засилување од 117 милиони фунти!
Во касата на Астон Вила ќе се слеат 117 милиони фунти, тоа е рекордна сума која ја платил Челси за еден фудбалер. Тој стави потпис на договор до јуни 2032 година со можност за продолжување на уште една сезона.
„Челси со задоволство може да го потврди потпишувањето со англискиот репрезентативец од Астон Вила, Морган Роџерс“, стои во соопштението на клубот.
Арсенал е шампион, но Роџерс вели дека за него најголем клуб во Лондон отсекогаш бил Челси.
„Премногу сум возбуден. За мене Челси е најголем клуб во Лондон и од дете секогаш сум го следел. Навистина сум возбуден за новиот проект со новиот тренер, фудбалерите кои ги имаме и каде оди клубот. Затоа сум тука и не можам да дочекам да почнам“, изјави Роџерс по потпишувањето на договорот.